Падна нафтата, регулаторна спрема нови цени на горивата!
Цените на нафтата во Азија паднаа, после соопштението дека Саудиска Арабија испумпува повеќе нафта, што ги зголемува и онака големите резерви на тој енегенс.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во мај поевтинила на Њујоршката берза за 57 центи на 46 долари, додека нафтата од типот „брент“ за мајската испорака во Лондон поевтинила за 43 центи на 54,89 долари, пренесува „Франс прес“.
„Истото основно прашање за понудата и побарувачката влијае на пазарот“, наведува инвестициониот аналитичар од сингапурската фирма „Filip fjučers“ Даниел Анг.
Цената на нафтата од јуни ослабе за околу 60 одсто, поради големите резерви во светот, особено во контекст на доброто производство на САД и членовите на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК), со што понудата го надминала барањето. Според податоците на „Blumberg“, Саудиска Арабија, најголемиот производител на нафта во ОПЕК, во февруари испомпувала 9,85 милиони барели нафта дневно.
Саудискиот министер за енергетика Али ал-Наими им порачал на производителите на нафта надвор од ОПЕК, дека би морале да соработуваат за да се постигне раст на цената, но од картелот одбиваат да ја превземат сами одговорноста.
„Одбиваме да ја превземеме одговорноста сами бидејќи ОПЕК произведува 30 одсто од нафтата на пазарот, а 70 одсто доаѓа од други извори“, изјавил ал-Наими.
Бидејќи малопродажните цени кај нас се формираат врз основа на лондонската берза денеска Регулаторната комисија за енeргетика ќе ги соопшти новите цени на дериватите, со што постои можност тие да забележат намалување.
Цените на бензините пред две недели забележаа покачување на цените и тоа 2,5 денари за литар, а дизел горивото за половина денар.
