ПАДНА И ВТОРИОТ ПРИТВОР: Судството попушта под обвиненијата на СЈО!
Падна и вториот притвор во обвиненијата на СЈО. По случајот Тврдина, сега има притвор и во случајот Транспортер за близок соработник на градоначалникот Талевски.
Притворот е опреден вчера во судот во Скопје, а за тројца се определени посебни мерки. Распитот на останатите продолжува денеска. Во случајот обвинет е и градоначалникот Талевски, но тој е аболициран.
Од СЈО најавија дека и покрај аболицијата доколку се докаже делото обвинетите ќе мора да ги вратат парите прибавени на незаконски начин.
Според обвинението станува збор за проневера на 360.000 евра, за двојно и повеќе пати наплатувани фактури за школски превоз. Ова дело беше споменато во „бомбите“ во разговор меѓу двајца министри.
Слично
