Падна фунтата поради Шкотска
Британската фунта денеска падна на најниско ниво оваа година на девизниот пазар во Азија, бидејки е објавено дека, според анкетата, поддржувачите на независна Шкотска се побројни отколку противниците на оваа идеја, соопштено е во Лондон.
Фунтата падна за еден одсто во Азија и денеска се продава за 1,616 долари, што е најниско ниво од ноември 2013 година и најголем дневен пад за осум месеци.
Помалку од две недели пред референдумот за независноста на Шкотска од Велика Британија, на 18 септември, поддржувачите на независна Шкотска за прв пат се побројни (51 одсто) отколку противниците на оваа идеја (49одсто).
Инвеститорите досега ја следеле тенденцијата на превласт на оние кои се за останување на Шкотска во рамки на Велика Британија, а сега во калкулациите се зема во обзир и можноста Шкотска да се отцепи.
