Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор за плаќање на рускиот гас во рубљи

Падна договор за плаќање на рускиот гас во рубљи

Кина ќе го плаќа рускиот гас во рубљи и јуани. 

Рускиот гасен гигант „Газпром“ и кинеската корпорација CNPC денеска потпишаа договор според кој меѓусебните плаќања ќе ги префрлат исклучиво во националните валути на двете држави. Првата испорака на гас кон Кина преку гасоводот Моќта на Сибир почна кон крајот од 2019 година. Се работеше за 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, обем кој беше двојно зголемен веќе во 2021 година. Двете страни очекуваат дека проектираниот годишен капацитет од 38 милијарди кубни метри гас ќе биде достигнат од 2025 година.

Првиот човек на руската компанија, Алексеј Милер, вели дека новиот механизам за плаќањето е полезно, навремено, сигурно и практично решени за двете страни.

Русија рече дека нема да има руски гас за западните земји, додека не ги укинат санкциите кои ги наметнаа поради руската инвазија на Украина. 

Европските земји ги чека тешка зима и тие се подготвуваат за штедење. 

Слично

Поврзани вести