Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ДОГОВОР: Партиите се усогласија околу методологијата на Избирачкиот список!

ПАДНА ДОГОВОР: Партиите се усогласија околу методологијата на Избирачкиот список!
Точката од договорот во Пржино која се однесува на Избирачкиот список може да се каже дека е решена. Во медиумите се појавија информации дека опозициската СДСМ ја потпишала методологијата за прочистување  на Избирачкиот список. Од Дик соопштуваат дека сите партии денеска известиле дека се договориле околу избирачкиот список. Најверојатно ДИК попладне ќе одржи седница на која ќе бидат усвоени  правилниците по што ќе може да почне и прочистувањето на списокот. Според оваа методологија, избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции. Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат.   Од ВМРО-ДПМНЕ потврдиле дека договор за медиумите нема, а потегот на СДСМ го разбираат како придонес кон рационално користење на времето до 24 април, кога, велат, ќе се одржат парламентарните избори.
Слично

Поврзани вести