Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор, од утре се нормализираат летовите на „Кроација ерлајнс“

Падна договор, од утре се нормализираат летовите на „Кроација ерлајнс“
Попладнево е прекинат штрајкот во „Кроација ерлајнс“, откако раководството на компанијата постигна договор до синдикатот на кабинскиот персонал. По осумдневниот штрајк, работата на авиокомпанијата полека се враќа во нормален тек, а  според најавите од раководството, од утре ќе почнат да летаат по својот редовен распоред. Од Синдикатот на екипажот се согласија и на продолжување на преговорите за новиот колективен договор.Според пресметките, поради штрајкот „Кроација ерлајнс“ бележи загуба од близу милион евра.
Слично

Поврзани вести