Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор: Ќе има фиксна цена за руската нафта

Падна договор: Ќе има фиксна цена за руската нафта

Земјите од Г7 и Австралија денеска се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта, јавува Ројтерс повикувајќи се на свои извори.

Претставниците на САД и Г7 во последните недели водеа интензивни разговори за планот за поставување ограничување на цената на руската нафта, што треба да стапи на сила на 5 декември.

Г-7 на тој начин сака да обезбеди санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат Москва да го финансира нападот врз Украина, да не го „задушат“ глобалниот пазар на нафта.

Плафонот на цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасно во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс.


Слично

Поврзани вести