Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор, Катар ќе ја снабдува Хрватска со ТНГ следните 25 години

Падна договор, Катар ќе ја снабдува Хрватска со ТНГ следните 25 години
Катар е заинтересиран за долгорочно снабдување со гас и изградба на TНГ(течен нафтен гас) терминал во Хрватска, а конечниот договор за инвестиции ќе може да се постигне со посета на катаскиот емир Хамад Ал-Тани, напролет 2103-та во Риека, изјави во Доха, хрватскиот министер за економија Радимир Чачиќ . Чачиќ ја предводи хрватската бизнис делегација во Катар, каде што престојува неколку дена на официјалната посета заедно со претседателот Иво Јосиповиќ. Една од главните теми на разговорите на хрватските официјални претставници со катарските бизнисмени е изградбата на ТНГ терминал на Крк во вредност од околу 600 милиони евра. Чачиќ рече дека на средбата во Катар е потврдена најважната зделка поради која Хрватите отпатуваа во Доха,  а тоа е најавената 25-годишна поддршка од емирот за новиот ТНГ проект.  
Слично

Поврзани вести