Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ДОГОВОР: Грција добива нови 10 милијарди евра од еврозоната

ПАДНА ДОГОВОР: Грција добива нови 10 милијарди евра од еврозоната

Министрите за финансии од еврозоната се договорија за олеснување на грчкиот долг во 2018 година, објавија светските агенции.

ММФ, исто така, ќе се вклучи во третиот помошен план за Атина.

По тешки 11-часовни преговори Еврогрупата се согласи да и додели на Грција втора транша од спасувачката програма во износ од 10,3 милијарди евра. Грција може да ја добие првата транша од 7,5 милијарди евра во втората половина на јуни.

„Постигнавме важен пробив, кој ни овозможува да влеземе во нова фаза во финансиската програма за помош за Грција“, рече на прес-конференција претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум, цитиран од Ројтерс.

„Тоа далеку надминува сè што неодамна мислев дека е можно, меѓусебната доверба се враќа во преговорите“, додава тој.

„Мислам дека има некое основа за оптимизам дека тоа може да е почетокот на трансформацијата на кругот „рецесија-мерки-рецесија“ во ситуација во која инвеститорите имаат чиста патека да инвестираат во Грција“, коментира грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос пред новинарите по состанокот во Брисел.

За да ги добие сите пари, Грција ќе мора да исполни неколку дополнителни реформи во енергетскиот пазар и приватизацијата на државните компании.

Слично

Поврзани вести