Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор, 60 милиони евра за „Јужен тек“ во Хрватска

Падна договор, 60 милиони евра за „Јужен тек“ во Хрватска

Денеска во Загреб беше потпишан договорот меѓу руската компанија „Газпром“ и хрватската компанија за дистрибуција на гас „Плинкро“ за реализација на„Јужен тек“ во Хрватска.

Гасоводот ќе биде со должина од сто километри и неговата изградба ќе чини 60 милиони евра. Планот предвидува и создавање на локална фирма „Јужен поток Хрватска“ со еднакво учество на „Газпром“ и на „Плинкро“, која ќе биде вклучена во изградбата на гасоводот во периодот од 2013 до 2016 година. Гасоводот се протега од Сотин до границата на Србија.

Предвидено е низ тој новиот гасовод да се дистрибуираат 2,7 милијарди кубни метри гас годишно.

Слично

Поврзани вести