Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договор, 10 милијарди евра помош за Кипар

Падна договор, 10 милијарди евра помош за Кипар

По десетина часа преговори во Брисел, министрите за финансии од еврозоната се договорија за долгоочекуваниот спасувачки кредит за Кипар. Како што утрово пренесоа светските медиуми, Кипар ќе добие помош од околу 10 милијарди евра.

Сепак оаа сума е значително пониска од првично бараните 17,5 милијарди евра. Во помошта Меѓународниот монетарен фонд ќе учествува со милијарда евра.

Програмата за финансиска помош вклучува вонреден данок (што може да стигне до 9,9 проценти) врз банкарските депозити во кипарските банки, кај сметките поголеми од 100.000 евра, а кредиторире истовремено побараа гаранции дека Кипар ќе ги исполни обврските на кои се согласи во замена за помошта.

Слично

Поврзани вести