Падна цената на златото
По долгиот нагорен тренд, цената на златото забележа пад. Така, златото за итна испорака поевтине за 0,3 % до 1 336,49 долари за унца утрово на берзата во Сингапур, а уште вчера златото со испорака во април поевтине за 0,8 % и се продаваше за 1 337,10 долари за унца на берзата во Њујорк.
Сепак, и покрај ваквиот пад инвеститорите се уште се заинтересирани да вложуваат во чисто злато, изјави Сан Јонгјанг, макроекономски стратег.
Во истовреме поевтинија и среброто и платината. Среброто ја намали својата вредност за 0,6 % до 20,822 долари за унца, а платината поевтине за 0,3 % до 1 477,94 долари за унца.
Слично
