Падна цената на барел нафта
Инфлацијата во САД и коронавирусот во Пекинг ја намалија цената на нафтата на 121 долар.
Во Лондон цената на барелот попладнево се намали за 88 центи на 121,13 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 1,17 долари пониско, по 119,50 долари. Цените денеска беа поттикнати и од стравувањата дека Федералните резерви на САД повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, откако најновите податоци, објавени во петокот, покажаа раст на индексот на потрошувачките цени во мај за 8,6 отсто.
Слично
