Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на турската лира, инвеститорите бегаат од Турција

Пад на турската лира, инвеститорите бегаат од Турција

Турската лира се соочува со најголем годишен пад од 2008 и се приближува до нов рекорден минимум во однос на доларот, во време кога странските инвеститори на големо бегаат од Турција, пишува Блумберг.

Странските инвеститори од Турција оваа година повлекле средства вредни 7,6 милијарди долари, вклучувајќи и 1,4 милијарди во ноември, месец во кој партијата на Ердоган успеала да освои мнозинство гласови на парламентарните избори.

Првичната пазарна реакција на резултатите од изборите беше позитивна но, после ескалацијата на тензиите меѓу Анкара и Москва поради рускиот воен авион кој Турција го собори во Сирија, довербата на инвеститорите е нестабилна.

Русија на соборувањето на Су-24 одговори со мерки кои ја удираат турската економија таму каде што најмногу ја боли, во туристичката индустрија и извоз во Русија, наведува Блумберг.

Големиот надворешен долг ја прави Турција чуствителна на промената на расположението на инвеститорите, посебно во светло на очекувањата дека САД ќе ги подигне каматните стапки, што влијае на курсот на лирата и на турските државни обврзници, наведува економистот од лондонската компанија „Капитал икономикс“ Влијам Џексон.

Стратег од компанијата СЕБ во Стокхолм, Пер Хамарлунд, предвидува дека лирата ќе продолжи да паѓа, а само во декември ќе ослабне 3,7 одсто во однос на доларот, на три лири за долар.

Џексон верува дека лирата до крајот на 2016 ќе падне дури за 11 одсто, па за долар ќе се добиваат 3,25 лири.

Турската лира во септември ослабна на рекорден минимум од 3,0752 лири за долар, а потоа до 20 ноември зајакна осум одсто. Поради минатонеделното нагло слабеење, меѓутоа, нејзиниот пад од почетокот на годината изнесува близу 20 одсто.

Слично

Поврзани вести