Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на цените на индустриските производи

Пад на цените на индустриските производи
Пад на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за 0,4 отсто на месечно ниво, регистрираше Државниот завод за статистика. На годишно ниво пак има раст за 1,1 отсто.

Во март 2013, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто, во групата Енергија за 0,5 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

Во март 2013, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто и во групата  Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.
Слично

Поврзани вести