Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на приходите на ГТЦ

Пад на приходите на ГТЦ
Градскиот трговски центар (ГТЦ) - Скопје минатата 2013 година ја заврши со пад на оперативните приходи на компанијата за 3%, од 233,8 милиони денари во 2012 на 226, 9 милиони денари ланската година. Намалувањето се должи на падот во приходите од продажба, покажуваат податоците од финансискиот извештај што ГТЦ го достави до Македонската берза. Но, во истовреме, се намалиле и расходите и тоа за 4% - од околу 254 милиони денари во 2012, на 243, 4 милиони денари во 2013 година. Како резултат на ова, оперативната загуба во 2013 е помала отколку во 2012. Така ланската година ГТЦ ја заврши со оперативна загуба од 16,5 милиони денари, за разлика од претходната 2012, кога оперативните загуби на најстариот трговски центар во Скопје биле речиси 20,2 милиони денари.  
Слично

Поврзани вести