Пад на невработеноста во првиот квартал од годинава
За 1,5% е намалена невработеноста во Македонија во првиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, покажа Анкетата за работната сила, што ја спроведе Државниот завод за статистика. Во однос на претходниот, последен квартал од 2013-та година невработеноста бележи пад од 0,2%.
Вкупно 28,4% изнесува стапката на невработеност во земјава во првите три месеци од годинава, а невработени се 272 115 лица. Според податоците на истражувањето, 686 277 лица се вработени.
Од невработените 58,8 отсто се мажи, а жени се 41,2 отсто. Според возраста од 15 до 24 година невработени се 52,8 отсто од 25 до 49 невработени се 25,2 отсто, од 50 до 54 години 23 отсто и над 65 години невработени се 27,8 проценти.
Најголем број невработени се со завршено четиригодишно средно образование - 131.712 лица. Освен нив, работа чекаат и 3.719 лица без образование, со незавршено основно образование 9.394, со основно 61.497, со тригодишно средно образование 24.276, со више образование 3093 и со високо образование 38.425 лица.
Слично
