Пад на невработеноста во еврозоната – крај на рецесијата?!
Податоците на Бирото за статистика на Европската унија покажуваат дека невработеноста во државите членки на еврозоната бележи пад прв пат за повеќе од две години.
Според податоците кои ги објави Евростат, невработеноста во 17-те држави кои го користат еврото како валута падна од 19,29 милиони на 19,27 милиони во јуни. Тоа е прв забележан пад на невработеноста во државите на еврозоната од април 2011 година. Падот на невработеноста претставува уште еден индикатор дека се ближи крајот на рецесијата во еврозоната. Во јуни невработеноста во еврозоната изнесуваше 12,1 проценти што е помалку од очекуваното, но и натаму е висока.
Слично
