Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА: Реални показатели или одлив на население?

ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА: Реални показатели или одлив на население?
Во салата Борис Трајковски на 3 ти декември ќе се одржи осмиот, кој ќе биде и последен, Саем за вработување, наменет за фирмите и за невработените, еден вид на директни средби. Годинава има повеќе компании од лани. “Се пријавија и нови компании кои дел се од странските инвеститори , а дел се домашните компаниии“ велат од Агенцијата за вработување. Саемот се одржува во време кога Македонија регистрираше пад на невработеноста. За девет години невработеноста во Македонија се намалила од 38% на 26,8%. Според Владата ваквите резултати се очекувани по спроевeдените реформи и програми. секако и по продорот на странски компании во слободните економски зони. Според проценките и очекувањата на Владата, до почетокот на 2017 година, невработеноста треба да се намали на 22%. Според податоците од надлежните институции, заклучно со вториот квартал од годинава имало вкупно 699 578  вработени лица, од нив 541 351 се вработени во приватниот сектор, а 158 226 се во друга сопственост, во која спаѓа и државната. На крајот од април Владата го објави проектот „Македонија вработува“ преку кој, според владините најави треба да се вработат 150 000 лица. Со овој проект Владата нуди и дава стимулации за нови вработувања, особено од помладата популација. Што мислат дел од аналитичарите?   Сепак, според дел економистите, прашањето за намалување на невработеноста има повеќе димензии и за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство. “Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, изјави неодамна  универзитескиот професор Ванчо Узунов. Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство. “Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, вели професорот Узунов. Р.Ф.  
Слично

Поврзани вести