ПАД НА КУРСОТ: Еврото и доларот речиси изедначени
Вредноста на еврото, во последната недела на светските берзи беше под 1,06 долари, што е најнискиот курс во однос на американската валута во последните седум месеци.
И во однос на јапонската национална валута, еврото од почетокот на неделава ослабе за 0,5 процнети и сега чини 130,95 јени. Од друга страна вредноста на доларот во однос на јенот остана непромената на ниво од 122,80 јапонски за една американска валута.
Еврото е под притисок на очекувањата од седницата американската Управа на федералните резерви (Фед), на која се очекува да биде донесена одлука за дополнително олабавување на монетарната политика.
Од друга страна пак, састот на вредноста на доларот во однос на еврото, според аналитичарите, се должи на серијата нови податоци кои укажуваат на стабилен раст на американската економија.
Дополнителен импулс за јакнење на доларот се и најавите дека најверојатно во текот на декември Фед, првпат по 2006 година, ќе ја зголеми основната каматна стапка.
