Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАД НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЈУЛИ: Кај новоодобрените кредити, нема промени

ПАД НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО ЈУЛИ: Кај новоодобрените кредити, нема промени

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2025 година изнесувала 4,91 отсто, што претставува намалување и на месечно и на годишно ниво. Кај депозитите, пак, е забележан раст – просечната каматна стапка изнесува 2,21 проценти, информира Народната банка.

Кај новоодобрените кредити просекот е 4,42 отсто, без промени во споредба со јуни, но пониско ниво од лани. Новопримените депозити остануваат на 2,35 отсто, со годишен пад. 

„Во корпоративниот сектор, вкупните кредити за фирмите во јули имаат каматна стапка од 4,54 проценти, што е пониско и месечно и годишно. Новите кредити за фирмите се со просек од 4,22 отсто, со намалување од 0,74 процентни поени за една година. Кај депозитите, каматната стапка е 2,66 проценти, со раст, особено кај депозитите во странска валута“, велат од Народна банка.

Посочуваат дека каматната стапка е во пад и кај домаќинствата.

„Кај домаќинства: Каматната стапка на вкупните кредити кај домаќинствата е 5,28%, што е пад во однос на претходниот месец. Новите кредити за граѓаните во јули изнесуваат 4,67%, со годишно намалување. Депозитите на домаќинствата се на ниво од 2,15%, додека новопримените депозити се 2,33%, непроменети од јуни“, соопшти Народната банка.


Слично

Поврзани вести