Пад на каматите на потрошувачки кредити!
Дел од кредитите за население можно е да поевтинат. Поради конкуренцијата во банкарскиот сектор постојат услови за намалување на каматите, најави Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на Здружението на банкари. Од друга страна, можно е и натамошно намалување на каматите за депозитите.
“Кај стапките на депозитите можни се пореметувања. Од друга страна кај активните стапки можно е пак да се очекува намалување на каматата поради конкуренцијата, односно во услови на забавена економска активност и ограничен пазар, банките ќе сакаат да привлечат нови клиенти“, изјави директорот на НЛБ Тутунска банка, Јанчевски.
Според најновите октомвриски податоци, на ниво на банкарскиот сектор е регистриран кредитен раст за 5,4 % во однос на состојбата со крајот на 2014 година. Имено, кредитниот пораст кај населението изнесува 11,1 % а кај фирмите 1,2%, односно кредитната изложеност кон граѓаните е 1,9 милијарди евра а кон фирмите 2,4 милијарди евра.
Слично
