Пад на извозот во Косово
Косовската агенција за статистика ги објави податоците за извоз и увоз во март, при што се наведува дека извозот на стоки е во вредност од 25,5 милиони евра, додека увозот изнесувал 235,5 милиони евра.
Извозот на стоки во месец март 2016 година е во вредност од 25,5 милиони евра, додека увозот изнесувал 235.500.000 евра, што претставува намалување на (-2.9%) за извоз и пораст од 18,8% за увозот во однос на истиот период 2015 година.
По сектори, 41,3% од извозот се метали и производи од нив, 16,8% се минерални производи, 9,2% се пластика, гума и производи од нив, 8,5% се подготвени прехранбени производи, пијалаци и тутун, 3,8% се машини, механички и електрични опрема.
Според податоците, 12,7% од увозот отпаѓа на машини, механичка и електрична опрема, 11,5% се подготвени прехранбени производи, пијалаци и тутун, 10,8% се основни метали и производи од нив, 9,7% се минерални производи, 9,1% се производи на хемиската индустрија, 8,5% се превозни средства, 7,4% се пластика, гума и производи од нив, 6,0% се билни производи.
