Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на индустријата во Македонија за 27 отсто во мај

Пад на индустријата во Македонија за 27 отсто во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, падот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 27 отсто.

Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32.1.% отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 14.6 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, на метали и други неметални минерални производи, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема,  машини и уреди и  моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓањенајмногу кај капитални производи за 47.0 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 48.8 проценти.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на периодот јануари ‒- мај 2019 година, изнесува 85.6


Слично

Поврзани вести