ПАД НА ФУНТАТА: Британија на пат од кој нема враќање
Британската фунта остро паднала во однос на доларот како последица на нестабилноста во врска со можното излегување на Велика Британија од Европската унија.
Во утринското тргување во Лондон, националната валута паднала за 1,4 одсто спрема доларот, на 1,42 долари.
Падот на фунтата доаѓа откако градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и се придружил на кампањата за излез на земјата од Унијата откако премиерот Дејвид Камерон го одредил денот на одржување на референдумот на кој Британците ќе се изјаснат за тој предлог.
Денешниот пад на фунтата исто така ги зголеми загубите од претходните месеци.
Фунтата спрема јенот паднала на најниско ниво од ноември 2013 година.
Слично
