Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на цените на роаминг услугите од 1 јули: Еве за колку проценти ќе се намалат

Пад на цените на роаминг услугите од 1 јули: Еве за колку проценти ќе се намалат

За десетина дена ќе се намалат роаминг услугуте на земјите од Западен Балкан. Граѓаните од регионов од наредниот месец ќе можат да зборуваат меѓусебно по намалени роаминг услуги.

Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од 1 јули ќе можат да зборуваат со 30 отсто помали цени.

Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.

Директорот на АЕК, Сашо Димитровски пред еден месец истакна дека целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа.

Директорот Димитровски тогаш сподели и дека се очекува намалување на роаминг услугите и со соседна Грција до крајот на годинава.


Слично

Поврзани вести