Пад на цените на акциите на Wall Street
Индексот S&P 500 по осум дена непрекинат раст, вчера на Wall Street падна поради слабите деловни резултати на неколку компани, но и поради внимателност на инвеститорите во пресрет на извештајот на Фед во Конгресот за монетарната политика.
Dow Jones ослабна 32 поена, или 0,21 отсто на 15.451 поен, додека S&P 500 падна на 0,37 поени, на 1.676 поени, а Nasdaq се намали за 0,25 отсто, на 3.598 поени. Откако во понеделникот S&P 500 и Dow Jones трет ден по ред достигнаа рекордни нивоа, вчера цените на акциите паднаа. Притоа вредноста ја изгубија осум од десет сектори во составот на S&P 500, што е последица на послабите од очекуваните деловни резултати на неколку компании, меѓу кои и на Coca-Cola. Акцијата на познатиот производител на пијалоци падна за речиси два отсто. Од исти причини цената на Yahoo падна за над 2,5 отсто, а за 1,7 отсто поевтини и акцијата на Goldman Sachs, иако банката извести за подобри резултати од очекуваните. Досега во сезоната на деловни резултати, започната пред една недела, повеќето компании известија за подобри финансиски резултати од очекуваното, но треба да се напомене дека очекувањата се поставени ниско.
