Пад на бројот на работници во индустријата
Работниците во индустријата во месец мај годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 2,5 %.
Државниот завод за статистика ги истакна податоците на кои се забележува и пад на работниците од 0,6 отсто за периодот јануари -мај во споредба со истиот период од 2018 година.
Работниците се намалиле во секторот преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во рударството и вадење камен во мај во тековната година за еден отсто, помал процент на пад на работниците во индустријата се забележени во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со пад од 0,3
проценти.
Во месец мај ДЗС според податоците на главните индустриски групи бележи раст на работниците кај капиталните производи за 2,4 отсто, во споредба со истиот месец лани.
