Авионска несреќа во Хрватска, четворица загинаа кај Медулин
Четири лица загинаа при пад на мал авион во Хрватска, на подрачјето на Медулин во Истра, јавуваат хрватските медиуми.
Несреќата се случила денеска околу 11.20 часот на подрачјето Кампаножа, недалеку од спортскиот аеродром Медулин. Според хрватската полиција, на терен веднаш биле испратени полицијата, итната медицинска помош и пожарникарите.
Хрватските медиуми објавуваат дека во несреќата има повеќе загинати, а според неофицијалните информации, животот го загубиле четири лица.
Причините за падот на авионот засега се утврдуваат. На местото на несреќата работат надлежните служби, а повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.
Фото: index.hr
Слично
