Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на акциите на грчката берза за 23%

Пад на акциите на грчката берза за 23%
Индексот на размена на грчкиот пазар на акции се намали за скоро 23 отсто во првите моменти на трговија, откако грчката берза се отвори по пет недели мирување. Акциите на берзата постепено започнаа да се креваат и по два часа индексот бележел загуба од 19 отсто. Кон крајот на јуни, грчката влада ја затвори берзата заедно со банките и постави ограничување на повлекувањето на пари, како резултат на должничката криза на Грција. Но, со новиот пакет помош што Грција го доби од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, пред десетина дена државата повторно ги отвори банките. Инаку, грчката влада се уште преговара со кредиторите за да ги презицира условите за новиот пакет помош, што се очекува да има вредност од 94 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести