ПАЦИЕНТИ СО АМПУТИРАНИ НОЗЕ И РАЦЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ВИРУСОТ: Нема снабдување со крв, настанува гангрена
Директорката на Ковид-центарот во Батајница д-р. Татјана Аџиќ Вукичевиќ, во разговор за Б92 вели дека капацитетите
на болницата се полни и додава дека последната недела
има зголемување на бројот на приеми.
-Секојдневно се хоспитализираат помеѓу 30 и 50 пациенти. Тоа се пациенти со тешка и умерена клиничка слика, а честопати болеста завршува со ампутација на орган. Ампутациите на рацете и нозете беа извршени кај десетина пациенти во оваа болница. Кај еден од пациентите ампутацијата беше единствената опција за да преживее, бидејќи немаше снабдување со крв во рацете или нозете, што предизвика гангрена. Кај еден пациент кој беше на механичка вентилација, имавме тромбоза на артерии, што бараше висока ампутација на обете нозе. Таквите интервенции требаше да се направат итно затоа што во спротивно би настанала сепса и смрт вели д-р. Аџиќ Вукичевиќ.
Според неа, покрај такви компликации, тие имале и пациенти со хематоми со секундарни инфекции, пневмомедијастинум, односно продирање на воздухот во средниот дел на градниот кош како резултат на некаква траума во белите дробови, необјаснета, без повреда на хранопроводот или душникот.
-Сето ова укажува на тоа дека се бориме против опасен, научно неистражен вирус, кој има многу сериозни последици по здравјето на луѓето и кој има целосно непредвидлив тек. Затоа, апелирам до јавноста да се вакцинира и да се придржува до сите мерки со цел да се ослаби вирусот и да се вратиме во нормалниот, порачува директорката на Ковид-центарот во Батајница.
