Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЦИЕНТИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ ВО КРУШЕВАЦ: Србија брои повеќе од 4.000 заразени

ПАЦИЕНТИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ ВО КРУШЕВАЦ: Србија брои  повеќе од 4.000 заразени

Србија викендов беше во карантин, но бројките на заразени и понатаму се високи. Во Србија има 4.091 новозаразен од коронавирусот и 17 починати. 

Податоците на Министерството за здравство и Институтот „Батут“ покажуваат дека 176 луѓе се на апарати за дишење. Денес имаше состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше соопштено дека здравствениот систем е пренапрегнат и дека бројот на пациентите кои се примаат во болниците е многу поголем од оние што се отпуштаат. Пациентите од Белград, бидејќи се полни капацитетите, ќе бидат пренесени на лекување во ковид-болницата во градот Крушевац. Лекарите претходно рекоа дека граѓаните се опуштија бидејќи тие се земја која се покажа како многу успешна во процесот на имунизација. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести