Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент исклучил друг пациент од респиратор во Атина

Пациент исклучил друг пациент од респиратор во Атина

Убиство се случило во ковид-болница во Атина, каде еден пациент исклучил друг пациент  од респиратор. 

Човек кој се лекувал од коронавирусот во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откако го исклучил од респиратор, објави денеска грчката полиција. Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне, пренесе агенцијатa „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој се лекувал од Ковид-19, починал синоќа откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на лекар. Двајцата пациенти лежеле на истото одделение. 

Слично

Поврзани вести