Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛП:Со брзи избори, нема оспособени институции

ЛП:Со брзи избори, нема оспособени институции
За Либералната партија се неприфатливи оценките изречени во вчерашно интервју за новинската агенција „Бета“ дека „опозицијата се повлекува од условот одвојување на партијата од државата“. Партијата предупредува дека без одвојување на партијата од државата, нема ниту владеење на правото. Ваквите изјави се подривање на граѓанскиот процес, општеството и тековните протести, додаваат од ЛП. „Определбата за брзи избори ќе го принуди опозиционерот допрва да се откажува и од други принципиелни ставови само за да дојде до брзи избори. Со брзи избори, нема оспособени институции, а институциите спроведуваат избори. Веќе се виде дека влада составена само од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ не може да ги оспособи институциите. Спомнатото интервју е поучно за македонската јавност бидејќи укажува на фактот дека преговорите во затворен круг на „четворицата големи“, се повеќе добиваат изглед на штетно манипулирање со интересот на граѓаните“- соопшти ЛП. Партијата оценува дека застапувањето на идејата за „брзи избори“ оди само во прилог на Груевски и власта.
Слично

Поврзани вести