Економија, финансии, бизнис

Контакт

Означувањето на прехранбените производи со нов строг правилник

Означувањето на прехранбените производи со нов строг правилник

Операторите на храна ќе се соочуваат со нови правила кои носат строги одредби при означување на прехранбените производи.

Имено, од 3 септември на сила стапија новите правила според кои операторите на храна ќе треба задолжително да го означат името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот. Други нови правила кои денеска ги соопштија официјално од  Агенцијата за храна и ветеринарство се минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат, а производот  ќе може да содржи и доброволни информации во кои спаѓаат нутритивните тврдења како што се дали производот има одредени витамини или минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења. Според директорот Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски сите оператори со храна треба да ги почитуваат новите правила, бидејќи како што напомена операторите со храна што извезуваат веќе од 13 декември 2014 години ги спроведуваат овие одредби па нема причина зошто и оние кои  ќе ги пласираат своите производи на домашниот пазар да не ги применуваат. Ако пак не се придружуваат до новите правила , операторите со храна ќе платат глоба од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.  

Слично

Поврзани вести