Овошје, зеленчук, цигари, пијалоци - каде во Европа се најскапи?
Последните податоци на Евростат покажуваат дека цените на прехранбените производи се најниски во Полска и највисоки во Данска.
Цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи, се најниски во Бугарија.
Во 2015 година храната во Данска била речиси 2,5 пати поскапа во однос на просекот за целата ЕУ. Во Полска, пак цените се 61% од просекот на ЕУ. Во Бугарија цените на прехранбените производи се 68% од просекот на заедницата.
Безалкохолните пијалоци исто се најскапи во Данска и најевтини во Романија. Во Бугарија цените на безалкохолните пијалоци се 81% од просечните за заедницата.
Во Бугарија цените на алкохолните пијалоци се 64% од просекот на ЕУ. На спротивна страна со многу мала разлика се Ирска и Финска. Во Ирска алкохолните пијалоци се 175% од просечните во заедницата, а во Финска - 172%.
Всушност најскапиот алкохол во цела Европа се продава во Норвешка. Земјата не е дел од ЕУ, но е во европската економска област и нивните податоци ги сумира Еуростат. Во 2015 година таму цените на алкохолните пијалоци биле 250% од просекот на ЕУ.
Во Норвешка се и најскапите цигари во Европа, а зад неа е Велика Британија.
Најевтините цигари во цела Европа се продаваат во Македонија, Србија и Албанија, кои исто така не се дел од ЕУ, но аплицираат за членство и Еуростат ги следи.
Цените на храната, алкохолните и безалкохолните пијалоци и на цигарите остануваат ниски уште и во Романија, Полска и Унгарија. Средни се цените во Грција, Италија, Германија и Австрија.
Најевтиниот леб во ЕУ се продава во Романија, се наведува уште во статистиката на Еуростат. Во Романија се и најевтините овошје и зеленчук - нивните цени се 49% од просечните за заедницата. Во Бугарија тие се 66% од просекот.
Најскапите овошје и зеленчук се во Шведска и Ирска, каде нивните цени се 136% од просекот на заедницата.
