Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВОЈ РУСКИ ПРОЕКТ ЈА ПЛАШИ АМЕРИКА: Во прашање е гасот

ОВОЈ РУСКИ ПРОЕКТ ЈА ПЛАШИ АМЕРИКА: Во прашање е гасот

Меѓу 2024-та година и 2035-та година на пазарот на течен гас ќе има недостиг од околу 200 милиони тони годишно и тоа е шанса за Русија. 

Во интервју за „Коммерсант“ ова го предвидува рускиот министер за енергија, Александар Новак. Тој вели дека Русија би можела да учествува со 15-20% од пазарот за течен гас до 2035-та година. Засега тој удел е околу 4%.

Западните медиуми повторно му забележуваат на рускиот претседател, Владимир Путин и го обвинуваат дека работи на тоа да завладее со светскиот пазар на гас.

Новак коментира уште дека се дискутираат и начините за транспорт на гасот, а еден од нив е развој на посебен пат по мраз затоа што наоѓалиштата се главно во арктичкиот круг. Развојот на овој пат по мраз може да се направи преку јавно-приватни партнерства, вели Новак.

Тој потенцира дека добредојдени се секакви инвеститори.

Најголемата компанија за природен гас  во Русија е „Новатек“. Во нејзините пресметки до 2030-та година Русија може да произведе до 80 милиони тони течен гас годишно. Самата компанија верува дека може да држи дел од околу 2/3 од овој сегмент.

„Газпром“, исто така, размислува да основа независна компанија за справување со проекти за течен гас.

Слично

Поврзани вести