Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овој град за три години ја преполовил невработеноста

Овој град за три години ја преполовил невработеноста

За три години хрватскиот град Нови Мароф бројот на невработени го намалил од 1.222 на 641.

Нови Мароф е рекордер, затоа што ја намалил невработеноста за 47,5%. 

На крајот на 2012 година, градот имал 1.222 невработени лица, а по три години има за 581 помалку, односно  641 невработен. 

Меѓу првите десет градови кои се борат со невработеноста е и Славонски Брод, каде бројот на невработени е намален за 5.154 за три години. 

Неработеноста е еден од клучните проблеми во Хрватска и во предизборието партиите ветуваа намалување на стапката на невработеност. 

ХДЗ вети отворање на 180.000 работни места, а СДП 145.000 работни места. 

МОСТ вети дека со посебна Агенција ќе ја намали невработеноста кај младите за 7%. 



Слично

Поврзани вести