Овој град е најатрактивен за странски инвестиции
Париз го надмина Лондон како најатрактивна дестинација за странски инвестиции.
Ова го истражувањето на консултантско-ревизорската куќа Ernst & Young. Тоа се случува првпат во 15 години, односно откако се спроведува тоа истражување.
Промената, од една страна, е знак на влијанието на референдумската одлука на Велика Британија за напуштање на Европската унија – Брегзит, а од друга таканаречениот Макрон ефект, односно реформите на францускиот претседател Емануел Макрон во корист на бизнис-секторот.
Во истражувањето учествувале 502 компании, а Париз како најпосакувана дестинација ја избрале 37 отсто од испитаниците, а за Лондон се одлучиле 34 отсто.
Слично
