Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВОЈ ДЕТАЛ СЕ ПРЕМОЛЧУВА, СЕПАК ИМАЛО ИНЦИДЕНТ: Другар на Матеј изнесе нови сознанија за вечерта кога исчезна сплиќанецот во Белград

ОВОЈ ДЕТАЛ СЕ ПРЕМОЛЧУВА, СЕПАК ИМАЛО ИНЦИДЕНТ: Другар на Матеј изнесе нови сознанија за вечерта кога исчезна сплиќанецот во Белград

Дваесет и деветгодишен сплиќанец, долгогодишен пријател на исчезнатиот Матеј Периш вели во разговор за Дневник.хр дека Матеј не е наркоман или инцидентен тип, туку дека е најобичен дечко кој бил воспитан убаво и скромно и кој сакал убаво да се забавува во Белград на новогодишната ноќ.

Пријателот открива дека ги видел сликите од вечерата во ресторанот и дека дури и тогаш Матеј и другарите биле потпивнати. 

Сепак тој открива дека имало своевиден инцидент во клубот за кој српските медиуми молчат. 

„Во клубот каде биле односно во Готик имало и друго друштво Хрвати од Задар. Се знае дека Сплитчани и Задарци се големи пријатели и дека се добредојдени во Србија.Се честеле и се дружеле. Сепак имало инцидент помеѓу двата друштва во која мислам дека една девојка била вклучена. Си разменувале пијачки, па сметката дошла многу поголема од вообичаено, дошло до вербална расправија и со келнерите. ПОтоа дошло и обезбедувањето и Матеј панично го напуштил клубот, изјавил за „Вечерњи лист“ пријател.

Тој додал дека не му е јасно зошто овој детаљ упорно се премолчува во медиумските и полициските кругови, „и сосема е јасно дека тој бил поттик за се што се случило потоа“.

Тој вели дека не знае што точно се случило, но дека е можно тоа да е класична пресметка во ноќен клуб. На прашањето дали се сомнева дека Метеј е под дејство на опијати, тој одговорил дека не може со сигурност да каже.

 „Колку што знам, тимот од Задар користел нешто. Дали сега имало ситуација некој некому да понуди нешто од чиста забава - не знам. Дали Матеј пробал халуциногени дроги, по што бил „превртен наопаку“? Не знам. Тој не е толку кретен, верувајте ми. Но, се е можно, било доцна, сите веќе пиеле, а атмосферата била жешка... Но, дури и ако хипотетички тврдиме дека Матеј пробал нешто што го „извадило од чевли’, останува прашањето зошто излегол сам и како само него го фатило“, тврди пријателот.

Тој наведува дека многу јасно го препознал на снимките од белградските надзорни камери кои протекоа во јавноста.

''Тоа е тој. Тоа е негов потег. Тоа е неговото мото. Го гледам мојот пријател, но изгледа не го препознавам. Зошто трча така? Никогаш не сум го видел таков. Никогаш“, нагласи тој и додаде дека Матеј можеби сепак побегнал и бегал од некого.


Слично

Поврзани вести