Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овој човек ќе ја предводи Државната кардиохирургија

Овој човек ќе ја предводи Државната кардиохирургија
Италијанскиот кардиохирург Антонино Маруло ќе го предводи тимот во Државната кардиохирургија што ќе ја гради Владата. Маруло, во моментов е професор на Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим. Во неговата биографија стои дека работел во повеќе клиники во Италија, а извесно време престојувал и на клиники за кардиохирургија во Велика Британија и во САД. Тој извел 4.500 операции само во Америка, како и повеќе од 800 операции на отворено срце. Министерството за здравство објави дека договорот со Маруло е веќе постигнат, но засега нема детали колку ќе чини неговиот ангажман во клиниката во Скопје. „Врвниот кардиохирург Антонино Маруло е професор доктор специјалист по кардиохирургија со богато светско искуство“, рече министерот за здравство Никола Тодоров. Професорот Маруло во Македонија ќе биде ангажиран околу една година, а останатиот тим од Државната кардиохирургија ќе го сочинуваат уште 7 кардиохирурзи. Првата операција се очекува да биде извршена до крајот на месец март. „Голема чест е да се биде дел од овој проект, како и тоа да се оддржува овој ентузијазам, ќе дадам се од себе овој проект да функционира како што треба“, рече денеска доктор Маруло. За државната кардиохирургија се издвоени 15 милиони денари годишно и се очекува оваа година да бидат направени 50 кардиолошки операции. Лекарите ја поздравија идејата за основање на Државна кардиохирургија, но сметаат дека идејата може да е задоцнета. Повеќе за нивните ставови од следниот текст: Д-р Борозанов: Државна кардиохирургија, добра но задоцнета идеја!
Слично

Поврзани вести