Овој човек ја има најдобрата работа во Америка
Најдобрата работа во Америка моментално ја има научник на податоци, покажува неодамнешиот извештај на „Glassdoor“.
„Не е големо изненадување. Ова е една од најбараните и најбрзорастечките работни места. Бидејќи сите компании имаат онлајн присуство на интернет, на сите им се потребни луѓе кои знаат како да управуваат и да чуваат податоци кои им помагаат да донесуваат подобри бизнис одлуки, во споредба со пред неколку години кога бизнисите немаа менаџмент за податоци кои би им помогнале да прегледуваат и анализираат со цел нивниот бизнис да напредува. Очекувам ова работно место да биде доста посакувана работа во наредните неколку години“, вели Д-р Ендру Чамберлејн, главен економист во „Glassdoor“.
Листата за најдобрата работа во Америка беше базирана врз потенцијалот за заработка (просечната годишна основа за плата), рејтингот на кариерната можност и бројот на работни места за секоја професија.
