Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие шест земји имаат најголем раст на БДП во ЕУ

Овие шест земји имаат најголем раст на БДП во ЕУ

Економијата на Бугарија има  силен почеток на 2017 година и влезе во топ 6 земји од ЕУ по раст на бруто домашниот производ (БДП). 

Од јануари до март БДП на земјата се зголемува за 3,4% во однос на истиот период минатата година и за 0,8% во однос на 4-то тримесечје на 2016 година, покажуваат проценките на Националниот институт за статистика. Така веќе три последователни квартали растот на БДП е 3,4%. Постигнатиот резултат во првиот квартал е доста подобар од прогнозите на Министерството за финансии за 3% раст на економијата за целата 2017 година. 

Во првото тримесечје од годината подобар раст на БДП на годишна основа постигнуваат само Романија (5,6%), Полска (4,1%), Летонија (4,1%), Литванија (3,9%) и Унгарија ( 3,7%). Најлош раст во ЕУ има Грција, која има пад на БДП од 0,5%.

Слично

Поврзани вести