Овие професии ги земаат највисоките плати во земјава
Според податоци објавени од Државниот завод за статистика, највисока нето плата во Македонија, за 2016 година земале оние кои работат во секторите компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 66.896 денари.
Зад нив се правни и сметководствени дејности со плата од 59.124 денари, воздухопловен транспорт со 54.827 денари, телекомуникации со 48.450 денари. Во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати платите се 43.982 денари.
Помали се платите во градежништвото, преработувачката индустрија, трговија на големо и мало, транспорт и складирање и слично.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесува 23 457 денари.
Во декември 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
