Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие пет професии наскоро ќе исчезнат - дали е вашата меѓу нив?

Овие пет професии наскоро ќе исчезнат - дали е вашата меѓу нив?

Технолошкиот напредок наскоро ќе доведе до тоа познати професии да исчезнат. Затоа се препорачува некои кадри да се преквалификуваат. 

1. сметководители

Фирмите почнуваат приходи и расходи да сметаат со помош на софтвери. Тоа значи дека во иднина ќе се намали бројот на сметководители. 

2. туристички работници 

Ако планирате да патувате, авио билети и сместување можете да најдете онлајн. Со ова туристичките агенции одат во втор план. Со сето ова не се знае како туристичките работници ќе опстанат во годините кои доаѓаат.

3. новинари и ТВ презентери 

Интернетот победи многу медиуми и во иднина информациите ќе се шират брзо и преку социјалните мрежи. Во весниците бројот на работници се намалува. 

4. библиотекари 

Се повеќе луѓе читаат книги он лајн, и тоа ќе доведе во иднина да се намали бројот на библиотекари. Во прилог на намалување на работниците одат и дигиталните архиви кои секоја библиотека веќе ги поседува. 

5. земјоделски инженери 

Земјоделството за разлика од порано сега веќе не бара голема улога од човечкиот фактор. Поради бројните машини, за земјоделските инженери не останува многу работа. Според Форбс, во иднина и во овој сектор ќе има пад на работници. 





Слично

Поврзани вести