Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие градови ограничуваат купување на имоти...

Овие градови ограничуваат купување на имоти...

Четири кинески градови најавија нови ограничувања за трансакциите со имот, во обид да ги стабилизираат брзо растечките станбени цени, објави Ројтерс.

Мерките во Чанду, Џинг, Вухан и Женгжу се дел од серија  чекори за затегнување на кредитирањето за секторот на недвижности, додека владата се обидува да го стимулира економскиот раст.

И други градови како Тијанџин, Хафеј и Суджоу веќе презедоа мерки за ограничување на купувањата на имоти. 

Просечната цена за ново живеалиште во 70-те најголеми градови во Кина се зголеми за 9,2% во август на годишна основа, што е забрзување во однос на растот од 7,9% во јули, покажуваат податоците на државната статистика.

Во Чанду потенцијалните купувачи ќе имаат право да купат имот во одредени области на градот, а оние кои купуваат втор имот, ќе треба да направат аванс за не помалку од 40% од цената на трансакцијата. Властите во Чанду предвидуваат исто така да ги казнуваат градежните претприемачи кои имаат ниви, но не стартуваат изградба согласно планираниот распоред.




Слично

Поврзани вести