Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие акции најинтересни за инвеститорите на берзата

Овие акции најинтересни за инвеститорите на берзата

Акциите на Алкалоид АД Скопје , Комерцијална и НЛБ банка се најдоа во фокус на инвеститорите во текот на вчерашното тргување.

Со тие акции најмногу се тргуваше и кај нив е забележан најголем раст.

Имено, заклучно со октомври годинава, на врвот на листата  компании рангирани според остварениот промет на Македонската берза се акциите на Комерцијална банка кои имаат вкупен промет од 853 милиони денари.

Второто место го зедоа акциите на фармацевтската компанија Алкалоид кои 747 милиони денари остварен вкупен промет од јануари до октомври , додека на трето место се најдоа акциите на Макпетрол со  578 милиони денари во десетте месеци од годинава.

Слично

Поврзани вести