Оваа земја се насочува кон бизнис вреден 30 милијарди долари
Јапонија се насочува кон индустрија која може да и донесе 30 милијарди долари годишно.
Земјата може да прифати нов закон кој ќе дозволи отворање на казина.
Се очекува јапонскиот парламент да одобри нов закон, кој ќе го отвори патот на коцкарската индустрија која може да генерира повеќе од 30 милијарди долари годишно, проценуваат аналитичарите.
Досега казината беа нелегални во третата по големина економија во светот.
Големи играчи како Las Vegas Sands и MGM Resorts се силни претенденти за влез во јапонската индустрија, велат експертите. Локалните фирми исто така ќе имаат важна улога.
Не сите ги поздравуваат промените. Легализацијата на казината има мала јавна поддршка.
Анкета на јапонската телевизија NHK покажува дека 44% од испитаниците се против отворањето на казина, додека само 12% ги поддржуваат. Останатите не се изјасниле по ова прашање.
