Оваа земја планира да воведе електронска валута...
Централната банка на Шведска ги разгледува можностите за воведување во земјата и на електронска валута.
Дигиталната круна ќе биде формирана врз основа на технологијата блокчејн и може да се појави после 2 години, пишува The Financial Times.
Од 2009 година количината на монетите и банкнотите во Шведска паднала за 40%. За сметка на тоа има бум на онлајн купувања со банкарски картички. Сепак Шведска ја разгледува електронската валута само како дополнување. Традиционалните парични средства ќе останат да се применуваат.
Во централната банка на Шведска веќе се испитувале блокчејн технологијата. Во текот на летото со нејзина помош е тестиран системот за регистрација и сметководство на правото на користење и сопственост на земјиште, а исто така и за правење на дигитален катастар на земјиштето во нордиската држава. Новиот метод ќе го намали ризикот од злоупотреби при трансакции.
