Оваа земја на граѓаните ќе им дава пари за основни потреби
Граѓаните со ниски примања во Канада ќе добиваат пари за основните животни потреби.
Оваа помош се нарекува „основен приход“ или „џепарлак“.
Проекот ќе трае 3 години, а 4000 луѓе од три региони ќе добиваат парична помош.
Едно лице годишно ќе добие најмногу 16 989 долари.
Граѓаните од 18 до 64 години ќе имаат право на ваков приход, а тие ќе бидат избрани по случаен избор.
Со овие пари граѓаните ќе ги задоволат потребите за храна, превоз, сметки, облека.
Слично
